Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимовски: Сто предлози да има комисијата е таа која ќе одлучува за нов претседател на Собрание

Димовски: Сто предлози да има комисијата е таа која ќе одлучува за нов претседател на Собрание

Илија Димовски најави дека утре единствена точка по која Собранието ќе расправа и одлучува е изборот на составот на Комисијата за прашања на избори и именувања. Тој е предложен за претседател на истата, а се очекува од ВМРО-ДПМНЕ повторно да докажува кој е помоќен во Собранието што се проценува како тактика на одложување.

– Според процедурата, треба да се свика седница на Комисијата за прашање и именувања, таму да се разгледаат еден, два, три, десет или сто предлози за претседател на Собранието и утврдениот предлог од Комисијата да се достави до претседавачот на конститутивната седница, и тогаш тој ќе може да свика седница за избор на претседател на Собранието – изјави Димовски, без да каже дали ДПМНЕ ќе даде свој предлог за претседател на Собранието.

Засега како можен нов претседател на Собранието единствено се споменува Талат Џафери од ДУИ, додека пак од БЕСА најавија дека ќе предложат свој кандидат.