Saturday, Jan 25, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимовски најверојатен кандидат за наследник на Груевски

Димовски најверојатен кандидат за наследник на Груевски

dimovski

Во централата на ВМРО-ДПМНЕ најчесто се споменува името на Илија Димовски како најверојатен кандидат на Никола Груевски на местото претседател на партијата, наведува бугарската новинска агенција БГНЕС во текстот посветен на најновиот развој на настаните во најголемата опозициска партија во Македонија.

Како што коментира БГНЕС, Димовски, како еден од членовите на извршниот комитет на партијата кои уживаат најголема доверба на сегашниот претседател Груевски, е еден од најсилните заштитници на веќе сопрениот проект „Скопје 2014“ и на политиката на „антиквизација“.

Според бугарската агенција, 37-годишниот Димовски лично го раководеше блокирањето на парламентот на почетокот на годината, со користење на парламентарните процедури за да се блокира изборот на новата влада, што доведе до крвавите настани во Собранието.

БГНЕС потсетува дека во петокот, во интервју за македонски „Курир“, Никола Груевски објави дека ќе си поднесе оставка пред органите на партијата и оти се надева дека тоа ќе помогне за разврска на ситуацијата.