Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимитриев: Во моменти кога имаме силна политичка поларизација да надвладее разумот

Димитриев: Во моменти кога имаме силна политичка поларизација да надвладее разумот

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, претседателот на Владата на Република Македонијa, Емил Димитриев, денеска присуствуваше на Велигденска литургија во храмот „Свети Никола“ во Штип.

– Во моменти кога имаме силна политичка поларизација да надвладее разумот, да се запази достоинството во постапките и комуникацијата меѓу себе. Доброволната жртва на Исус не потсетува дека треба да ги запазуваме вредностите, кои што со векови го јакнеле единството меѓу македонскиот народ, а граделе соживот и толеранција со останатите народи. Ова е поука за политичарите во моменти кога имаме силна политичка поларизација да надвладее разумот, да се запази достоинството во постапките и комуникацијата меѓу себе. Република Македонија во историјата преживеала многу премрежја, ќе го преживее и ова и од ова ќе излезе посилна – порача премиерот Емил Димитриев, кој денеска присуствуваше на Велигденската литургија во централниот храм на Брегалничката епархија „Свети Никола“ во Штип.