Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимитриев се залага за освежување во ВМРО-ДПМНЕ

Димитриев се залага за освежување во ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ има квалитетен кадровски потенцијал кој треба рационално да биде искористен, рече пратеникот Емил Димитриев во интервју за „Макфакс“. Димитриев додава дека најавеното освежување во партијата ќе следува пред локалните избори за да се постигнат уште подобри резултати.

– Јас лично поддржувам освежување во партијата со кадри што заслужуваат да им се даде шанса. Знаете, ВМРО-ДПМНЕ е партија која долго е на власт, има луѓе што десетина години беа министри, тие веќе се изморени и треба да одморат. Партијата е жива материја која одвреме-навреме треба да се освежува за да ги подобри своите перформанси – рече Димитриев.

Во однос на идејата за реформи во партијата, Димитриев вели дека сите предлози треба да бидат разгледани внатрепартиски и заеднички да се одлучи дали тие ќе донесат одредено подобрување.

– Различните мислења се богаство и принцип на демократијата. Не треба сите идеи, народски речено, да се дочекаат на нож. Одредени предлози што се даваат ги гледам како нормална внатрепартиска демократија. Тие луѓе се наши сопартијци, лично се познавам со нив, сме поминале многу изборни циклуси и извојувале многу победи и затоа имам еден коректен став кон нив – додава Димитриев.