Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЏафери на конференција на претседатели на парламенти од Западен Балкан

Џафери на конференција на претседатели на парламенти од Западен Балкан

Претседателот на Собранието Талат Џафери, на покана од претседателот на унгарското национално собрание, Ласло Ковер, ќе се обрати на осмата конференција на претседатели на парламенти од земјите на Западен Балкан што се одржува во Будимпешта.

Учесниците на конференцијата ќе се осврнат на темите „ЕУ интеграции: резултати и аспирации“ и „Безбедносната димензија на соработката во Западен Балкан: придонес кон стабилноста на Европа“.

Претседателот Џафери ќе се обрати на темата „ЕУ интеграции: резултати и аспирации“. Во рамки на конференцијата, претседателот на македонското Собрание ќе оствари и неколку билатерални средби со претседателите на парламентите од регионот.