Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДевојче од Белград за малку прегазено играјќи Pokemon Go

Девојче од Белград за малку прегазено играјќи Pokemon Go

Невнимателноста при играњето на глобалниот феномен Pokemon Go пристигна и на Балканот и 13 годишно девојче е удрено од автомобил додека бркала покемони со смартфонот.

Според очевидци, таа истрчала на улица за да го фати покемонот, без да погледне кон автомобилот кој доаѓал. Повредите се тешки и сериозни, но е надвор од животна опасност.

Pokemon Go се игра преку камерата на смартфонот и GPS локаторот, па така секоја локација е дел од играта со што се добива впечаток на релност, но мора да се внимава на сообраќајот и самиот терен за да не дојде до повреди или фатални последици.