Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДевет кандидати за четири места во Советот на обвинители

Девет кандидати за четири места во Советот на обвинители

Советот на јавните обвинители на Република Македонија денеска треба да избере четворица членови на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје, Вишото јавно обвинителство Гостивар и Вишото јавно обвинителство Битола, како и од посебната листа на кандидати на јавни обвинители припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Македонија.

За кандидати за членови на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на ВЈО Битола се пријавил Петар Аневски-јавен обвинител во ОЈО Битола. Од подрачјето на ВЈО Скопје се пријавиле четири кандидати: Миле Мојсовски-јавен обвинител во ОЈО Скопје, Елизабета Павловска-јавен обвинител во ОЈО Скопје, Фиданка Рајевска-јавен обвинител во ВЈО Скопје и Љубинка Угриновска-јавен обвинител во ОЈО Скопје.

Од подрачјето на ВЈО Гостивар се привиле Виолета Стојаноска-јавен обвинител во ОЈО Кичево и Деса Пауновска- јавен обвинител во ВЈО Гостивар.

За членови на Советот од заедниците кои не се мнозинство во РМ, кандидатури поднселе Имран Османи-јавен обвинител во ОЈО ГОКК и Коле Штерјев-јавен обвинител во ВЈО Скопје, соопшти Советот на јавни обвинители на Република Македонија.