Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИ Струмица и Битола бараат одлагање на иборите и оставка од претседателот

И Струмица и Битола бараат одлагање на иборите и оставка од претседателот

133131543

Денес во Битола и Струмица исто така се одржуваат протести. Битолчани на плоштадот Магнолија ќе бараат оставка од градоначалникот Владимир Талевски, откако Специјалното јавно обвинителство отвори истрага против него, барајќи замрзнување на неговиот имот, со оглед на тоа што тој е веќе помилуван од претседателот Ѓорге Иванов. Под слоганот „Битола нема да те помилува“, жителите на овој град му порачуваат на гадоначалникот „Ќе ги вратиш сите пари“!

12992389_10208131514877176_543168624_n

Заедно со Скопје и Битола, денес на протести своето незадоволство ќе го изразат и струмичани кои за првпат по аболицијата ќе излезат на улица.

13045615_10208131499756798_308717713_n

„Незадоволство од моменталната состојба во која се најде нашата држава. Огорчени од уништувањето на она малку преостанато од државноста на Македонија, гневни на самоволието со кое Никола Груевски и неговите соработници и полтрони ја уништуваат иднината на генерации македонски граѓанки и граѓани, неможејќи повеќе да седиме и немо да го набљудуваме разнебитувањето на сѐ што е демократско, одбивајќи да правиме компромис и да се пазариме со нелегитимниот режим, бараме манипулацијата и притисокот врз народот да престанат“, велат струмичани.

„Не постојат услови за организирање регуларни, веродостојни и фер избори на 5 јуни, ниту пак постои време до тој рок да се создадат неопходните услови“, изјави Митко Гогов, граѓански активист.