Friday, May 3, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалДали “брегзит“ може да ја уништи Премиер лигата?

Дали “брегзит“ може да ја уништи Премиер лигата?

Британците во текот на вчерашниот ден ја донесоа една од најголемите одлуки во поновата историја на Велика Британија, изгласувајќи на референдумот напуштање на Европската Унија. Ваквото сценарио несомнено ќе има големо влијание на политичката сцена, на полето на финансиите и социјалните прилики, како на Островот така и на остатокот од Стариот Континент, а нема сомневања дека сите овие случувања ќе имаат влијание и на најквалитетната лига во светот- Премиер лигата.

Најелитната лига во Англија првично ќе биде погодена со фактот дека сите играчи кои ќе пристигнат од остатокот на Европа ќе мора да поминуваат низ процесот на добивање на виза, додека процесот за добивање на работни дозволи на територијата на Обединетото кралство сега ќе биде уште по комплицирано. Еден од првите услови за добивање на работна виза кој играчот ќе мора да ги исполни, доколку не доаѓа од земја членка на Европската Унија, е да има одреден број на настапи за националниот тим.

Премиер лига-Брегзит- влијание 2

Водејќи се според тоа, мала е веројатноста дека Ентони Марсијал и Н’голо Канте би ги засилиле Манчестер Јунајтед, односно Лестер Сити, иако постои посебна клаузула која овозможува добивање на дозволи доколку фудбалерот е „екстра талентиран“. Сите овие случувања ги предвиде Карен Брејди, потпретседателката на Вест Хем, испраќајќи писмо на почетокот на оваа година до сите клубови во Англија, Шкотска и Велс- во кое ги предупредува на ужасните последици по фудбалот доколку Британија се оддели од ЕУ.

Брегзит-Премиер лига- влијание - 2

Од друга страна, постои можност британската влада да ја ублажи целата состојба доколку се променат правилата за добивање на споменатите дозволи, но, доколку тоа не биде случај, цените на англиските интернационалци ќе бидат намалени, додека остатокот на клубови од Европа значајно ќе профитира.

Има многу кои ова сценарио со модификување на правилата го гледаат како реална и искрена слика, но и оние кои се против тоа- сметајќи дека целата оваа ситуација е идеална прилика за дополнителен развој и пробивање на домашните фудбалери на големата сцена, повикувајќи се на состојбата со огромниот број на странски играчи во речиси сите рангови на натпреварувањата на Островот, која ги „гуши“ и им зазема место на младите домашни фудбалери.