Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБруталниот напад во Собранието ја смени агендатa на Брајан Хојт Ји

Бруталниот напад во Собранието ја смени агендатa на Брајан Хојт Ји

Бруталниот напад во Собранието каде беа претепани новинари и линчувани пратеници ја смени агендата на Брајан Хојт Ји, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија кој во Република Македонија ќе дојде уште утре, а во понеделник на 1 мај ќе ги има главните активности.

„Заменикот помошник државен секретар Ји ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Билал Касами, Весел Мемеди и соМендух Тачи, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатската заедница. На состаноците ќе се разговара за статусот на формирање на влада, билатералните односи, и реформите потребни за евро-атлантска интеграција, соопшти американската амбасада.

Заменикот државен секретар Ји ќе даде изјава за медиумите на 1 мај попладне. Претходно од кабинетот на претседателот Иванов посочија дека тој нема време да се сретне со Хојт Ји, но поради новиот тек на настаните возможно е да се изврши поголем притисок за да се сретне со претставникот на Стејт Департментот.