Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБритански археолози вклучени во истражување на локалитетот Костоперска Карпа

Британски археолози вклучени во истражување на локалитетот Костоперска Карпа

Во соработка со арехолозите од  Музејот во Куманово и арехеолозите од универзитетите Саутхемптон и Оскфорд денеска се завши еднонеделното истражување на локалитетот Костоперкса Карпа во Младо Нагоричане.

Директорот на НУ Музеј Куманово Анита Цветановска информираше дека истражувањата во кои се вклучени комбинирани, мултидисциплинарни техники ќе продолжат и во наредните две недели. Овој проект трае пет години, а се заснова на договорите кои се склучени од страна на Кумановскиот музеј со трите престижни универзитети од Велика Британија- Оксфорд, Саутхтемптон и Единбург. Покрај Костоперска Карпа ќе се истажуваат и Визијанус и Градиште.

Арехеологот Драна Младеновиќ од универзитетот на Саутхемптон изјави дека кога пред две години ја посетиле Македонија на  ова место, го виделе потенцијалот, а клучна била сработката со Кумановскиот музеј.

-„Веќе трет пат сум тука, првите два пати не насочија на методите со кои треба да работиме, сега конкретно работиме на терен и многу сме задоволни како се одвиваат работите, особно во соработка со музејот и со студентите од Скопје.“- изјави Младеновиќ