Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаБраќата кои пукаа во докторот спроведени пред истражен судија

Браќата кои пукаа во докторот спроведени пред истражен судија

Големиот инцидент кој вчера го потресе клиничкиот центар во Скопје добива разрешница со тоа што напаѓачите кои ранија доктор сега се уапсени и спроведени на распит пред судија. МВР против браќата поднесе и кривични пријави.

braka sud2

Имер Н. заработи кривична поради убиство во обид и недозволено тргување и држење на оружје, додека неговиот брат Абдул ќе одговара за кривичните дела за соизвршителство при убиство во обид, напад на службено лице и насилство. По приведувањето во полициска станица двајцата во целост го појасниле делото. Второпријавениот Абдул и претходно и е познат на полицијата, против него веќе е поднесена кривична пријава за сторени две дела, тешка кражба.