Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБолнички одделенија се затвораат зошто не се дозволени нови вработувања, дозволено и е на техничката Влада

Болнички одделенија се затвораат зошто не се дозволени нови вработувања, дозволено и е на техничката Влада

Вработување во овој период на техничка Влада не може да се одобри. Впрочем, самата министерка за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска нагласи дека не може да се објавуваат огласи за редовни вработувања на неопределно време, се додека не се формира нова Влада. Поради овој закон, болницата „8-ми септември“ не може да вработи персонал и беше принудена да затвори неколку одделенија. Во болницата недостасуваат 180 луѓе но нема кој да им ги одобри вработувањата. Пациентите трпат.

Во меѓувреме, во овој вакуум период, беа распишани огласи за вработување на сезонски работници во ЈП Македонски шуми и Македонија пат. Сега, вработувања има и во Владата. Службата за општи и заеднички работи распиша јавен оглас за привремено вработување на три лица. Се бара помлад соработник за осигурување, архивар и организатор кој ќе биде задолжен за тековно одржување на објектите и следење на комуналните трошоци. Платата се движи од 255 евра до 340 евра.