Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБесплатни диоптерски леќи за средношколци и студенти – најавува Груевски!

Бесплатни диоптерски леќи за средношколци и студенти – најавува Груевски!

Вториот проект кој денеска го најави претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, се однесува на доделување на бесплатни диоптерски леќи за студентите и средношколците кои имаат ваков здравствен проблем.

„Покрај можност за ласерска корекција ќе овозможиме субвенционирање на ортопедски очни помагала на студенти и средношколци на возраст од 14 до 26 години од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат просечното примање од 32.173 денари до завршување на циклус на учење и студирање. Наместо да користат очила ќе може на товар на фондот да користат леќи за плус и минус 2 диоптер. Од оваа мерка се намалува психолошки притисок на учениците и студентите и се намалува прогресијата на кратковидост или далекувидост во периодот кога видот најмногу им е потребен – објасни Груевски

Ова претставува значителна финансиска поддршка за младите, а ќе продолжи да се реализира од 2017 година, по обемни подготовки за реализација, чии основи веќе се договорени преку Министерството за здравство, Министерството за финансии и ФЗОМ. – додаде тој.

Дали бесплатните диоптерски леќи кои се најавуват ќе помогнат младите подобро да ги согледаат политиките на владејачката ВМРО ДПМНЕ, останува да видиме.