Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеБелоглав мршојадец се заглави во камбанарија во центарот на Скопје

Белоглав мршојадец се заглави во камбанарија во центарот на Скопје

Белоглав мршојадец се заглави во камбанаријата на црквата „Св. Константин и Елена“ во центарот на Скопје, пренесува Нова Македонија. Градежните работници успеале да ја задржат птицата половина час додека дојдат екипите на Македонското еколошко друштво, кои потоа ја пренеле на сигурно.

Станува збор за млад мажјак, кој во првите години неретко лета на големи далечини. Она што е карактеристично за овие птици е што живеат далеку од цивилизацијата, најчесто на карпести предели каде што има пештери, кои се соодветни за гнездење. Останува енигма како овој белоглав мршојадец успеал да се најде во центарот на Скопје.

Утврдено е дека оваа единка веќе е регистрирана, а според шифрата на ногата, доаѓа од Хрватска. Од Македонското еколошко друштво велат дека птицата набрзо ќе биде пуштена на слобода.