Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБелгискиот премиер вели дека во Европа ќе има нови терористички напади

Белгискиот премиер вели дека во Европа ќе има нови терористички напади

Во интервју за белгискиот дневник Ла Либр Белжик, белгискиот премиер  Шарл Мишел, изјави дека верува во можноста дека во Европа па дури и во Белгија ќе се лучат нови теророистички напади.

По терористичките напади на 22-ри март кои се случија во Брисел, белгискиот парламент се подготвува да креира анкетна комисија која ќе започне со работа на 14 април и која има мандат до крајот на годината за да се утврдат евентуалните одговорности на владата и нејзините институции кои не го спречиле нападот.

Според премиерот оваа нова реформа нема да донесе ништо ново против терористичките напади.

Во Белгија и понатаму е на сила третото ниво на тревога. Според белгискиот премиер најзначајно  е да се направи се што е можно за да се подобри капацитетот за акција на безбедносен терен.

-„Денес приоритет е функционирањето на институциите такви какви што се, вели тој одбивајќи дебата за нова реформа на белгиските институции“.