Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаБанката БРИКС почнува со работа на 7-ми јули

Банката БРИКС почнува со работа на 7-ми јули

Банката БРИКС ќе почне да работи на 7 јули во Москва, изјави заменик рускиот министер за финансии Сергеј Сторчак.

– Ја подготвуваме првата седница на управниот одбор и очекуваме да се одржи на 7 јули во Москва и тоа ќе го означи формалното отварање на банката – рече тој на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
brics2014
Договорот за основање на банката е потпишан на 15 јули во 2014 година, на самитот на БРИКС во Бразил. Тој предвидува банката која ја основаат земјите на БРИКС Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, да финансира инфраструктурни проекти и проекти за одржлив развој на тие и на други земји во развој.