Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБалканските земји најавија помош за Македонија по поплавите

Балканските земји најавија помош за Македонија по поплавите

Сите земји во регионот како Бугарија, Косово, Црна Гора, Албанија и Србија најавија испраќање на помош за настраданите во поплавите кои ја потресоа Македонија. Солидарноста на блиските земји мора да се покаже на дело и да се подаде рака кога е најпотребно.

Српскиот премиер Вучиќ упати длабоко сочуство за жртвите, а тоа го направи и бугарскиот премиер Бојко Борисов. Сочувство за настраданите во невремето упати и претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ кој му ги изразил своите жалења на претседателот Иванов.

Албанскиот државен врв во свое и во име на албанскиот народ изрази длабоко сочуство до семејствата на настраданите во синоќешното невреме и искажа подготвеност да помогне во надминување на состојбите.
– Со голема болка и загриженост ги следиме трагичните случувања во Македонија. Подготвени сме за се што можеме, да им помогнеме на нашите браќа, сестри и соседи, напиша албанскиот премиер Еди Рама на својот Фејсбук профил.