Wednesday, May 1, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБалистите влетаа на теренот: Прекинат мечот Шкендија – Вардар

Балистите влетаа на теренот: Прекинат мечот Шкендија – Вардар

Прекинат е реваншот од полуфиналето на Купот на Македонија меѓу фудбалските екипи на Шкендија и Вардар откако домашните навивачи “Балисти” влегоа во теренот. Атмосферата зовре кога судијата Ставрев им подели црвени картони на двајцата капитени Хасани и Грнчаров поради недолично однесување по што Балистите влегоа на терен.

Во текот на целиот неч навивачите од Тетово пееа песни со навредлива содржина на национална основа. Се уште не се знае дали мечот ќе се доигра. Шкендија има предност од 3:1 по првиот меч во Скопје.