Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика  Балетско студио ,,БАX” -21 година блеска во танцов сјај

  Балетско студио ,,БАX” -21 година блеска во танцов сјај

 

Заврши уште еден годишен концерт на Балетското студио ,,БАX” кој традиционално се одржува секое лето во Струга.

Се надминаа себе, го покажаа талентот по којзнае кој пат, емоциите и ги пренесоа на многубројната публика и никој не остана рамнодушен на нивната уметност која со години е култура на живеење во Струга,  град кој повеќе не е само град на поезијата туку и град на танцот.

BAX 3

‘’Неописиво е чувството кога се од својата глава ќе успееш да пренесеш на децата, а тие на публиката. Заврши уште еден успешно сработен проект на нашето студио со кој по којзнае кој пат ја потврдивме уникатноста и љубовта кон уметноста наречена танц. Пред преполна сала Пепелашка танцуваше со своите многубројни пријателчиња и сите ги остави без здив.Има многу позитивни коментари, ние сме среќни и заодоволни од сработеното” вели за pozitiv.mk Taња Мојсоска, инструктор по танц во Балетското студио ,,БАX”

Танцот на Пепелашка допре до срцата на сите генерации и ги направи Баховки уште посреќни, мотивирани за нови танцови победи за кои ќе се подготвуваат од септември.

Подготви:

Ирена Мрческа