Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАтентаторите од Париз и Брисел земале илјадници евра социјална помош

Атентаторите од Париз и Брисел земале илјадници евра социјална помош

Петмината изведувачи на терористички напади во Брисел и Париз добиле социјална помош од над 50.000 евра од белгиските власти, објави „Волстрит журнал“. Во информациите се наведува дека „некои од осомничените“ земале помош непосредно пред извршувањето на нападите.

Еден од мозоците на терористичките напади, Салах Абдеслам добил околу 21 илјада евра во форма на помош за невработени. Како се случило тоа, откако тој бил сопственик на бар сеуште не е познато, наведува весникот.

Поради оваа информација, директорот на белгиското финансиско разузнавање, Филип де Костер ги повика властите да ја затегнат контролата при исплаќањето на социјална помош. Тој побара подобра координација меѓу безбедносните сили и социјалните служби во Белгија, за да не се даваат социјална помош на „осомничени терористи“.

Во терористичките напади на аеродромот и метрото во Брисел од 22 март беа убиени 32 лица. Нападите во Париз од 13 ноември 2015 година го одземаа животот на 130 лица, а други 350 беа повредени.