Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАстон Вила го суспендираше Агбонлахор поради наргиле

Астон Вила го суспендираше Агбонлахор поради наргиле

Foto: Getty images

Астон Вила го суспендираше напаѓачот Габриел Агбонлахор на неопределено време, бидејќи во медиумите се појави фотографија како фудбалерот пуши наргиле. Агбонлахор за време на репрезентативната пауза заминал на одмор, а британските таблоиди објавија негови фотографии како во Дубаи пуши наргиле. Она што е познато е дека тој ќе го пропуши натпреварот против Челси на Вила Парк, а е суспендиран се додека не се заврши внатрешната истрага околу неговото однесување. Привремениот тренер на Астон Вила Ерик Блек, вели дека донесената одлука околу овој фудбалер не би требало да влијае врз останатата група на играчи.

„Повторно ќе разговараме со него во понеделник и потоа ќе видиме што и како понатаму. Тој се врати на тренинг. Не би сакал да навлегувам во детали бидејќи истрагата се уште е во тек. Сакам да бидеме концентрирани на фудбал и само фудбал“, изјави Блек за новинарите. Блек го превзема клубот, откако Реми Гард оваа недела замина од Вила после раскинување на договорот со клубот. Астон Вила е последна на табелата во Премиер лигата, со 12 поени помалку од клубовите надвор од опасната зона.