Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКанал 5 ја суспендираше Спенџарска поради недолично, непрофесионално и нечовечно однесување

Канал 5 ја суспендираше Спенџарска поради недолично, непрофесионално и нечовечно однесување

Телевизија „Канал 5“ ја суспендира водителката Јелена Спенџарска на утринската емисија „Здраво Македонијо“, откако на социјалните медиуми, телевизијата и водителата станаа мета на критики поради нејзиното дрско однесување за време на вчерашната емисија.

Во текот на емисијата еден од гледачите се пожали за својата финансиска состојба и тоа дека нема да има пензија, а водителката на тоа му одговори да не се јавува за да шири негативна енергија.

Денеска, водителот Роберт Јанков на почетокот на утринската емисија, соопшти дека телевизијата одлучила да ја суспендира Спеnџарска поради „недолично, непрофесионално и нечовечно однесување“.