Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЏон Тери има нов клуб!

Џон Тери има нов клуб!

Фудбалскиот клуб Астон Вила потврди дека Џон Тери потпиша за поранешниот европски шампион.

Веста беше потврдена од страна на сопственикот на клубот Тони Ксиа на својот Твитер профил, а Тери потпиша договор на една година.

Тери ќе заработи за една година околу четири милиони евра, со одредени бонуси за една недела ќе заработува по 60.000 фунти.

Тери денес ги заврши лекарските прегледи и потпиша едногодишен договор, така што по 19 години за прв пат ќе носи дрес на друг клуб, а тоа да не е Челзи.