Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАРМ ќе бара нови регрути преку предавања низ средните училишта

АРМ ќе бара нови регрути преку предавања низ средните училишта

Претставници на Министерството за одбрана, заедно со професионални војници, подофицери и офицери на Армијата, од понеделник, до крајот на април, во средните училишта ќе го реализираат проектот за Популаризација на воениот позив за доброволна служба во Армијата на Република Македонија.

Тимовите составени од професионалци, вработени во Министерството, како и припадниците на Армијата детално ќе ги информираат средношколците за условите за прием во служба на АРМ, нивните обврски, како и големиот број придобивки од службата во АРМ. На интерактивните кратки предавања, средношколците ќе имаат можност да се информираат за сето она што нив ги интересира од областа на професијата – војник.

Основната цел на проектот е запознавање на младите лица во Македонија со војничката професија, како и зголемување на нивниот интерес за, најпрво, служење на доброволен воен рок, а потоа и пријавување на огласите за професионални војници и за офицери во АРМ. Со зголемување на бројот на пријавени лица на овие огласи се одржува и зголемува и квалитетот на изборот на идните припадници на Армијата.