Wednesday, Jun 28, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаApple од рекламите на Google заработува милијарди

Apple од рекламите на Google заработува милијарди

Благодарение на адвокатот Анет Хурс, која ги застапува интересите на Oracle во тужбата против Google за недозволено користење на Java технологијата за Android, откриено е дека интернет гигантот само во 2014-та му исплатил на Apple неверојатни 1 милијарда долари за Google Search лентата, а за рекламите кои ги поставувал на iPhone и iPad исплатул неверојатни 34 милијарди долари. Овој податок е доверлив но, направен е пропуст и сега целата јавност ги знае деталите од судот.

ok google voice search

Google побарал запечатување на документите кои се на нивна штета бидејќи може да ги загрози нивните односи со други партнери или пак при склучување на идни договори. Огромната сума укажува дека Google на Apple му плаќа многу висок процент за пласираните реклами кој се движи најверојатно до дури 35%.