Sunday, May 28, 2017
HomeГИГА БАЈТХај текAngry Birds 2 – Птиците се вратија за голема забава

Angry Birds 2 – Птиците се вратија за голема забава

Rovio во последните две години не успеа да лансира голем хит како оригиналната Angry Birds со повеќе промашени франшизи, па затоа реши да се врати на основите и да го претстави официјалното продолжение со истиот „филинг“ на заразност при поминување на нивоата и добивање на максимален број поени, но со неколку нови механики и додатоци.

Меѓу промените се можноста за распоред на изборот на птици со кои ќе го извршите нападот, потоа во нивоата ќе треба да ги уништите и прасињата и нивните тврдини, а добивате и шанса да се борите со босови. Angry Birds 2 е достапна за превземање за Android и iOs, а се уште нема најавено верзија за Windows Phone.