Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНААМСМ: Информација за патната состојба во Македонија утрово

АМСМ: Информација за патната состојба во Македонија утрово

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози, информира АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци во Пелагониската котлина и Дебар, патните правци Штип – Велес – Скопје од 50 – 80 метри, Штип – Радовиш и Штип – Неготино до 100 метри, Штип – Св.Николе – Куманово од 30 – 50 метри, Скопје – Велес од 50 – 80 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.