Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАмериканската пролет резултираше со 400 уапсени во Вашингтон

Американската пролет резултираше со 400 уапсени во Вашингтон

Движењето „Демократска пролет“ започна големи протести пред Конгресот на САД во Вашингтон, но полицијата веднаш одговори сурово со задушување на демонстрациите при што дури 400 лица се уапсени поради опструкции и нелегално собирање. Protesters with a coalition of progressive groups sit in front of the U.S. Capitol steps Monday as part of the Democracy Spring demonstration.

Од движењето бараат американските конгресмени и сенатори да стават крај на политичката корупција, огромните донации од корпорациите кои купуваат избори, како и реформи на гласачките права кои се ограничени со бројни небулозни закони. Во „Демократска пролет“ се вклучи актерот Марк Рафало и писателот и критичар Ноам Чочмски со силни барања за реформи, но протестите кои требаше да се одржуваат секој ден ќе бидат строго контролирани од полицијата.