Saturday, Jun 16, 2018
HomeДЕНЕШНАПолитикаПроблемот со корупцијата ескалира во Македонија, оцени Транспаренси интернешенел-Македонија

Проблемот со корупцијата ескалира во Македонија, оцени Транспаренси интернешенел-Македонија

korupcija mito

Проблемот со корупцијата ескалираше во изминатиот период во Македонија, а тоа беше забележано како историски најголем пад на ранг на листата на Индексот за перцепција на корупцијата за 2016, е наведено во извештајот на Транспаренси интернешенел-Македонија „Борбата против корупција во Македонија во 2017“.

Резултатот од индексот на перцепција на корупцијата (ИКП) во 2016 бележеше фрапантен пад за 24 места, а Македонија сега го зазема ниското 90-то место од вкупно 176 рангирани држави, се наведува во извештајот.

Во однос на борбата против корупцијата во изминатите години, се наведува дека во РМ повеќе години се водела политика заснована на клиентелизам и интереси, воспоставувањето на системот на заробена држава го оневозможило работењето на институциите задолжени за
борба против корупцијата, со што се создал изразено силен систем на заштита на корумпираните и систем во кој наспроти правото, владеат интереси.

ТИ-Македонија наведува дека новиот индекс ќе биде објавен во 2018, и оти е потребно ефикасна активност во борбата против корупцијата во која ќе бидат вклучени сите чинители, како и целосна реформа на ДКСК.

Во однос на оставките во ДИК, Транспаренси-Македонија наведува дека тие се позитивен чекор и неопходно е да се превенираат вакви легални злоупотреби во иднина, како и да се реши сличниот проблем со исплатата финансиски средства за патни трошоци во Собранието.

Според ТИ Македонија, во 2017 добиени се вкупно 131 пријава од 114 различни пријавувачи – 42 отсто завршиле само со правен совет, во 12 отсто од случаите пријавувачите се повлекле пред да се преземе каков било чекор, а во 20 отсто Центарот за застапување и правни совети „АЛАК“ нашол за потребно самиот да ги контактира институциите со претставка или барање за слободен пристап до информација од јавен карактер.

Во однос на Законот за заштита на укажувачи, ТИ-Македонија смета дека иако е донесен во ноември 2015, неговата ефективна имплементација се уште не е почната и увидел оти многу институции се уште немаат именувано лице за прием на пријави од страна на укажувачи.