Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАлбанците од пограничните премини на шопинг во Дебар

Албанците од пограничните премини на шопинг во Дебар

Албанците од пограничните премини пазарат во Дебар. Од почетокот на овој месец забележана е историски рекордна бројка на лица кои ја преминале границата на преминот „Блато“. Од Граничната полиција – Запад информираат дека во обични денови границата ја минуваат по над 1.500 патници, додека во викенд и над две илјади.

Албанските граѓани во Дебар пазаруваат прехрамбени артикли, безалкохолни пијалаци, обувки, облека, …лекови па дури и гориво кое е поевтино во Македонија, а како што самите велат и многу поквалитетно.

Во близина на Дебар функционира и преминот за локален граничен сообраќај Џепиште – Требиште. Тука има помала фрекфенција бидејќи станува збор за граничен премин кој работи секој ден од 8 до 20 часот односно од 8 до 18 часот според зимското работно време и е наменет превенствено за жителите на пограничната зона.

Дневната фрекфенција е околу сто лица, кои главно во Дебар доаѓаат од областа Голо Брдо, заради шопинг но и тамошни жители кои работат во Грција, а од почетокот на август доаѓаат во родниот крај.