Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаАлбански државјани нападнале полицајци во Охрид

Албански државјани нападнале полицајци во Охрид

Двајца пијани албански државјани рано утрото нападнале полицајци кои сакале да ги легитимираат. Настанот се случил во кафе барот „Ликвид“ во Охрид, рано утрото во 01:15 часот.

По претходно пријавен нарушен јавен ред и мир, полициските службеници од охридската полиција ги забележале двете лица, кои биле под дејство на алкохол и истите се однесувале агресивно. На барање да се легитимираат лицата одбиле, а во еден момент и физички ги нападнале, по што од страна на полициски службеници врз лицата биле употребени гумена палка и биле врзани со лисици.

Лицата се лишени од слобода и е утврдено дека се работи за М.М.(29) и М.Р.(25), двајцата од Подградец – Р.Албанија. На полицисиските службеници им била укажана лекарска помош при што се констатирани гребаници по телото, а кај странските државјани не се констатирани повреди. Лицата се задржани во ПС-Охрид за понатамошна постапка.