Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАлбанец тврди дека знае каде се телата на исчезнатите Срби од Ѓаковице

Албанец тврди дека знае каде се телата на исчезнатите Срби од Ѓаковице

Стар Албанец, жител на Ѓаковице тврди дека знае каде се телата на убиените Срби од 1999 година – објави франкфуртски „Вести”. Тој уште тогаш ги пронашол мртвите тела и ги закопал, а сега е стар и одлучил да проговори за локацијата која треба да се провери. Според неговите зборови, тој нашол неколку машки убиени тела на полјана во близина на градот, а нивните посмртни останки ги закопал на локација која само тој ја знае.

Сведокот чии искази би можеле да бидат драгоцени во решавање на злочините во 90-тите години живеел во Ѓаковице. Тој одлучил тајната да ја довери на некогашните негови Срби сограѓани, бидејќи е премногу стар и сака да ја каже вистината. Представниците на Ѓаковица разговарале со него и веруваат во вистината на сведочењата, бидејќи тој ја препознал единсвената изчезната личност за која се сомневало дека е убиена на подрачјето на Ѓаковица.

Телата ги закопал за да ги најдат семејствата еден ден
Сведокот сака да соработува, но инсистира за анонимност и одбива да контактира со властите од Косово бидејќи се плаши за безбедноста на своето семејство. „Имам информација за локацијата во Ѓаковица, која ја добив од Албанец кои ги закопал телата. Телата ги пронашол по прогонот на Србите од Ѓаковица во средината на јуни 1999 година, а ги пронашол во фаза на распаѓање. Тој не можел да каже колку точно тела пронашол. Автентичноста на неговата приказна ја потврдува фактот дека едно тело препознал. „Знаел точно за кого станува збор” – изјавил Миленко Јовановиќ, претставник од советот на здружени раселени сили од Косово.

Јовановиќ вели дека сведокот е чесен човек кој Србите од Ѓаковица го познаваат. “Тој човек не учествувал во ликвидацијата, туку ги пронашол телата на ливада и одлучил барем да ги спаси посмртните останки за еден ден семјствата да можат да ги пронајдат. Тој мисли дека дошло време за тоа и дека само тој знае за местото, а веќе е многу стар. Освен нас никој до сега не зборувал за тоа и затоа очекуваме да не контактира меѓународниот фактор и комисијата за изчезнати лица на Владата на Србија да оствариме соработка.

Немаме доверба во институциите во Приштина
Тој истакнува дека има намера детално да ги претстави информациите најпрво на претседателот на комисијата на Владата на Србија за исчезнтите лица, Вељко Обаловиќ и да му ја препушти кординацијата врзана за испитување на локацијата. “Не, ние немаме доверба во привремената институција во Приштина и нив нема никогаш да им кажеме за која локација станува збор. Посебно нема да им ги кажеме имињата на луѓето кои ни се извор на информации, бидејќи станува збор за чесни Албанци кои одлучиле во ова време да прозборат. Го повикувам УМНИК, ЕУЛЕКС, како и Меѓународниот комитет на Црвен крст и иституциите на Србија и Црна Гора да ни се обратат. Наш единствен услов е да нема Албанци во тимот на комисијата, бидејќи сакаме да го заштитиме нашиот извор”, изјавил Јовановиќ.