Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрпи уапсени на Халкидики за кражба на автомобили

Српи уапсени на Халкидики за кражба на автомобили

Грчката полиција уапсила двајца државјани на Србија осомничени за кражба на неколку луксузни автомобили на Халкидики.

Уапсени се 24-годишна девојка и 33-годишно момче за кои се наведува дека биле „јадрото“ на групата која секој пат крадела автомобили во различен состав.

Украдените возила биле криени во куќа која привремено ја изнајмиле на Халкидики.

Во соопштението на полицијата се наведува дека осомничените од 13 јули во поширокиот регион на Касандра украле четири возила марка „ленд ровер“, а се обиделе да украдат уште едно.

Истрагата продолжува со цел да истражи дали осомничените учествувале во уште некои кривични дела.

Приведените ќе бидат изведени пред обвинителот на регионот Халкидики.