Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНад 80 лица убиени во Триполи

Над 80 лица убиени во Триполи

Речиси над 80 лица се убиени во судирите во либискиот главен град Триполи помеѓу милициите кои им припаѓаат на две спротивставени влади во длабоко разединетата Либија, која има и трета влада со седиште во градот Тобрук – пренесуваат светските агенции.

Судирите започнале во петокот во најгусто населените населби на Триполи, помеѓу силите на владата на националното единство, која е признаена од страна на ОН, и милицијата којашто ја поддржува другата, непризнаена влада.

Либиското министерство за здравство објавило дека во судирите се убиени 78 лица, меѓу кои има и цивили, а околу илјада лица се ранети.