Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСрбите се плашат да патуваат во Македонија – Како ли само ќе одат во Грција?

Србите се плашат да патуваат во Македонија – Како ли само ќе одат во Грција?

Автобуските тури кон Грција, кои поминиваат низ Македонија, се одвиваат според планот, но Србите се плашат да патуваат во Македонија. Тамошните медиуми пишуваат дека поради немирите, голем број туристички патувања за Први мај биле откажани.

„Требаше да оди еден автобус со околу 50 патници. Поради политичката ситуација, го откажавме патувањето. Планираме на оваа дестинација да се вратиме на лето“ – велат од туристичките агенции.

 

Се очекува дека за 1 Мај, во Грција ќе има 4.000 – 5.000 Срби, кои одат со агенции и уште 2.000 српски туристи, кои индивидуално ќе патуваат. Бројот на оние кои се упатиле кон Македонија е далеку помал.