Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаАкција во Ваксинце: Откриени илегални мигранти, еден уапсен за криумчарење

Акција во Ваксинце: Откриени илегални мигранти, еден уапсен за криумчарење

МВР спроведе акција во Ваксинце во која се откриени илегални мигранти. Приведен е 46-годишен жител на селото Ваксинце, кумановско, поради сомнение дека за одреден паричен надоместок, подолг временски период сместувал поголема група илегални мигранти.

Денеска биле извршени претреси на три локации, при што на едната од нив, која е куќа во изградба во сопственост на И.Д., биле пронајдени мигрантите, а во куќата каде што живее, биле најдени една ловна пушка и 46 парчиња муниција за ловна пушка.

Во акцијата, најголем дел од откриените мигранти се од африканските земји, потоа од Палестина и Иран. На сите нив им е забранет влез во Македонија, но и во земјите од ЕУ, бидејќи доаѓаат од држави каде нема војна и се сметаат за економски мигранти, а не за бегалци. МВР соопшти дека мигрантите се приведени и сместени во Транзитниот центар за странци во Скопје.