Десетина специјалци убиени во џамија во Саудиска Арабија
Тежок терористички напад е извршен во градот Аба во џамија во југозападниот дел на Саудиска Арабија. Во нападот на бомбашот самоубиец убиени се 17 луѓе од кои десетмина се припадници на специјалните сили кои ја користеле токму оваа џамија за вршење на верските обреди, што значи дека метата била точно избрана.
Мајор генерал Мансур Ал Турки, портпаролот на министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија изјави дека целта биле новите регрути во единицата за брзи интервенции, а сомнежите одат на адреса на ИСИС иако се уште одговорност за терористичкиот напад не е превземена.
Ова е еден од најсмртоносните напади врз саудиска Арабија која вложува милијарди долари за единиците за специјални задачи и има ултра моќна и богата армија, но се уште не одговориле со цела сила врз позициите на ИСИС.