Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНови 30 дена притвор за Игор Југ – ќе му се суди и за тероризам

Нови 30 дена притвор за Игор Југ – ќе му се суди и за тероризам

Кривичниот суд во Скопје му го продолжи притворот за нови 30 дена на Игор Југ, осомничен за насилствата во Собранието од 27 април оваа година, пренесуваат медиумите.

Основното јавно обвинителство во меѓувреме ја проширило истрагата за Југ, кој сега освен за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, се товари и дека бил водач на толпата која упадна во законодавниот дом на 27 април, како и за кривичното дело тероризам.

Обвинителството побарало од судот да ја продолжи мерката притвор поради постоење опасност од бегство, попречување на истрагата и можност за повторување на делото.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска соопшти дека отворило истражна постапка против 36 лица, осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста.

Во рамките на истрагата утрово се превидени поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, и уште дваесетина лица, меѓу кои пратениците Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, актерот Владо Јовановски, поранешниот директор на Македонската опера и балет (МОБ), Игор Дурловски, и други лица.