Три пожари успешно изгаснати во Куманово
Кумановските пожарникари со полни раце работа изминатово деноноќие, интервенирале на три пожари.
Според РЦУК Куманово,тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева . во населбата „Перо Чичо“, додекас само еден час подоцна , четворица нивни колеги интервенирале на запалено стрниште на површина од пет хекатри во кумановското село Романовце.
Пожарот бил локализиран. Интервенирано било и на опожарена сува трева со површина од 2.000 метри квадратни во Новосељане.
Во гаснењето учествувале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.