Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ја нема на терен, Николовски не се грижи за шумите

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ја нема на терен, Николовски не се грижи за шумите

Влада на СДС ја нема на терен, а министерот за земјоделство, пшумарство и водостопанство мистериозно го снема од земјава покажувајќи целосна негрижа за шумите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во партиското соопштение утрово.

Во него се додава дека десетици пожари се активни, а не е откриен ниту еден сторител.

„СДС свесно испраќа порака дека секое однесување кое е на штета на граѓаните, кое го доведува во опасност нивниот живот, здравјето и имотот, може да мине неказнето. Поради слабата интервенција и неспособноста на владата на Заев, ниту еден пожар не е локализиран навреме, со што е предизвикана ненадоместлива штета. Пратениците од СДС по налог на нивниот шеф Заев бегаат од дебата во Собранието за настанатите пожари кои ја зафатија цела земја“, се додава во соопштението.