Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДимитриевски и официјално влезе во трка за Куманово

Димитриевски и официјално влезе во трка за Куманово

Пратеникот Максим Димитриевски е кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ.

– Ќе ја оправдам укажаната доверба, да победи единството и заедништвото, преточено во визија за достоинствено Куманово и просперитетна Република Македонија – напиша тој на Фејсбук заблагодарувајќи се на номинацијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, кандидат е лекарот Зоран Ѓорѓиевски, кој беше номиниран и на претходните локални избори, но изгуби од актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц.

Во текот на оваа недела се очекува да се знаат кандидатите за градоначалници во сите општини од сите партии бидејќи во четврток на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури до Државната изборна комисија.