Џенаро Гатузо се врати во Милан!
Легендарниот фудбалер на Милан се врати во клубот, сега во поинаква улога. Тој се пушти во тренерските води, а денес тој доби нова работа, да го води младинскиот тим на Милан, Милан Примавера.
Овој 39-годишен тренер го напушти Милан во 2012 година и потпиша договор со Сион, каде што тој беше играч-менаџер во швајцарскиот тим. Тренерска кариера ја продолжи во Палермо, ОФИ Крит и Пиза, која ја напушти овој месец поради испаѓањето од Серија Б.
“Јас сум среќен што ја добив оваа понуда од спортскиот директор Масимилиано Мирабелија. Јас се враќам дома по 5 години, подготвен сум за нови предизвици со иста посветеност и глад, која ме пратеше сите овие години. Ќе се обидам да го пренесам на играчите тоа што значи да се носи црвено-црниот дрес”, изјави Гатузо.