Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватска на нозе поради абортусот: Протести и контрапротести

Хрватска на нозе поради абортусот: Протести и контрапротести

Хрватското општество поделено околу абортусот. Протести и контрапротести низ земјата. Маршот против абортусот беше организиран од групи на конзервативци. Според официјалните податоци од полицијата, во Загреб на „Маршот за живот” имало 15.000 луѓе, а во Сплит 5.000. Според организаторите целта е да се привлече вниманието на јавноста кон „почитта на секој човечки живот, од неговото зачнување до природната смрт”.

И во Загреб и во Сплит се собраа и контра-манифестанти кои велат дека „Маршот за живот” е организиран под политичко влијание. Поддржувачите на абортусот тврдат дека се предмет на притисок од политички групи поддржани од Католичката црква а многу лекари одбиваат да вршат абортус во јавните болници.

Хрватското законодавство дозволува абортус до 10 недела на бременоста.