Тинејџерка родена со ХИВ преживува без лекови
18 годишна девојка од Франција која била родена со ХИВ вирусот преживува без примање на терапија и медицинските работници гледаат голем потенцијал во третирање на оваа болест.
Од нејзиниот случај може да се донесе заклучок дека раниот третман во почетната фаза може да го спречи засилувањето на вирусот, а од друга страна пак, ќе се истражува дали девојката има природна отпорност кон ХИВ и дали тој факт може да се искористи за пронаоѓање на поефикасен лек.
Девојката земала лекови се до 6 годишна возраст кога ја прекинала терапијата и до денес нема никакви знаци на прогресирање на ХИВ вирусот.