Monday, Sep 14, 2020
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗа осум месеци регистрирани 24 нови заразени со ХИВ-вирусот

За осум месеци регистрирани 24 нови заразени со ХИВ-вирусот

Medicamentos contra el SIDA

Дваесет и четири новозаразени со ХИВ се регистрирани за осум месеци оваа година во Македонија. Сите се мажи на возраст од 20 до 49 години.

Според месечните извештаи на Институтот за јавно здравје најголем дел од новооткриените случаи се од Скопје, а има и од Прилеп, Велес, Гостивар.

За три децении во земјава евидентирани се вкупно 340 лица со ХИВ/СИДА, 80 се починати, а 257 живеат со вирусот. Голем дел се на антиретровирусна терапија. Со овие бројки државата е со најниска стапка на инфицирани во Југоисточна Европа. Затоа после 13 години Глобалниот фонд повеќе нема да финансира превенција и лекување туку таа обврска од идната година треба да ја превземе Владата. Обезбедени се 103 милиони денари буџет за оваа намена.

Финасирањето ќе биде прилагодено на македонските услови, а од министерството додаваат дека ќе бидат земени примери како тоа функционира во други држави бидејќи не постои универзален модел.