Tuesday, Apr 30, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТери ги израдува „сините“, останува во Челси

Тери ги израдува „сините“, останува во Челси

Капитенот на Челси Џон Тери го продолжи договорот со клубот од Лондон на уште една година. Одлуката била донесена после именувањето на Антонио Конте за нов тренер на Челси минатиот месец и после преговорите со Џон Тери, од страна на италијанскиот тренер, сопственикот и управата на клубот.

„Воодушевен сум поради потпишувањето на новиот договор со клубот. Сите знаат дека ја сум играч на Челси. И се радувам на новата сезона со новиот тренер и се надевам дека ќе биде успешна. Морам посебно да ги споменам и навивачите и нивната постојана поддршка. Вие сте најдобри“, изјави Тери, кој не ја криеше радоста после потпишувањето на нов договор со Челси.

Тој во февруари истакна дека не е сигурен дали и понатаму ќе остане во клубот од Лондон, за на крај сепак да биде постигнат договор. Со својот нов договор Тери ќе влезе во својата 22 година како член на овој клуб, бидејќи тој потпиша за Челси на само 14 години. Во дресот на овој клуб до сега има одиграно 703 натпревари, што е трети по ред најголем број на настапи во историјата на клубот, а во 570 натпревари беше и капитен.