Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОфицијално: “Супер Марио“ потпиша!

Официјално: “Супер Марио“ потпиша!

Марио Балотели се одлучи, тој и следната сезона ќе ги брани боите на Ница!

Контроверзниот напаѓач на Азурниот брег пристигна минатото лето од Ливерпул без надомест, и се покажа дека францускиот тим направи одлична работа. Со Балотели во тимот успеа да го освојат третото место во Лига 1 и следната сезона ќе имаат можност да играат во Лигата на шампионите.

Поранешниот напаѓач на Интер, Манчестер Сити, Милан и Ливерпул конечно имаше добра сезона, тој постигна 17 гола во 28 официјални натпревари за тимот од “Алијанц Ривиера”.

Тој повторно потпиша едногодишен договор, но како што велат од Ница, се согласил на значително пониска финансиска понуда.