Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБељарин се предомисли!

Бељарин се предомисли!

Хектор Бељарин одлучи да го продолжи договорот со Арсенал до 2023 година, па така ги отфрли сите шпекулации за негово заминување во Барселона.

Тој неодамна изјави дека неговиот престој зависи од тоа дали Арсен Венгер останува, па негова одлука најверојатно е директно поврзана со Венгер.

“Потпишав нов договор со причина. Потпишав бидејќи ми се допаѓа тука. Инаку јас не би го направил тоа”, вели десниот бек, кој на пролет испадна од стартниот состав на Венгер поради слабата форма.

“Арсенал е клуб кој ми даде шанса да се развивам, тренерот имаше многу доверба во мене. Јас живеам во Лондон веќе шест години и се уште го истражувам градот. Еве пред некое време со автомобилот отидов во Источен Лондон, место каде што никогаш јас не сум бил. Го сакам овој град”, вели Бељарин.