Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВенгер: „Арсенал нема да го продаде Санчез на ривалите во Премиер Лигата”

Венгер: „Арсенал нема да го продаде Санчез на ривалите во Премиер Лигата”

Менаџерот на “топџиите“, рече дека е убеден оти тој ќе успее да го убеди чилеанецот да ја продолжи кариерата во Арсенал, иако тој ги одби најновите услови што му ги понуди клубот за нов договор. Венгер се надева дека нема да се повтори случајот со Робин ван Перси, кој во 2012 година се пресели во Манчестер Јунајтед. Најголем проблем е дека Санчез наскоро ќе влезат во последните 12 месеци од договорот со Арсенал.

За целата ситуација, Венгер вели: „Мислам дека нема да биде продаден на друг клуб во Премиер лигата, тоа е сигурно. Прашањето е зошто би го продавале на друг клуб? Ние се обидуваме да бидеме што посилни, а не да ги засилуваме нашите ривали. Го пуштивме Ван Перси во Манчестер за време на последната година од договорот, а тој веќе имаше 29 години, ја започнуваше 30-та, па небеше логично да продилжуваме долгогодишен договор со него, додека ситуацијата со Алексис е поинаку, јас лично мислам дека ќе го продолжи договорот и ќе остане во клубот “.